Top Sport

Федерер: Се надевам дека некој нема да ме копира во иднина

Роџер Федерер вели дека нема проблем со тоа што дел од неговите тениски рекорди ќе бидат срушени во иднината, но додава дека навистина не би сакал да се појави тенисер кој ќе игра со ист стил како него.

„Секогаш ќе има добри тенисери во иднина, тенисери кои ќе имаат сличен приод кон тенисот како мене. Но, се надевам дека никој нема да ме копира, бидејќи тоа не е убаво и не треба да копираш никого. Верувам дека е потребно да имаш сопствен, природен стил, да не се преправаш дека си некој друг. Секако, ќе го следам тенисот и кога нема да го играм, бидејќи за мене тоа е голем спорт со големи личности. Те следат секој чекор на ТВ и не можеш да се криеш кој си. Тенисот секогаш ќе биде многу добар спорт“, вели Федерер.

Швајцарецот исто така смета дека сега неговиот препознатлив бекхенд е поинаков отколку во минатото.

„Мислам дека сега имам многу помоќен бекхенд. Секогаш сум играл добро на бекхенд, но сега со поголем рекет сум подобар. Секако, има подобри и полоши денови“, додава Федерер.

Scroll to Top