Top Sport

Даглас Коста се правда: Не знаете што ми кажа

Крилото на Јувентус, Даглас Коста признава дека „згрешил“ кога го плукна во уста Федерико ди Франческо од Сасуоло, но посочи дека „не знаеме“ што тој му кажал пред таа реакција.

Бразилецот ја загуби контролата при крајот на неделниот меч, удирајќи го противникот со лакт и со глава, за што доби жолт картон, но потоа ВАР-снимките покажаа дека тој го плукна противникот и сега го очекува казна од барем три меча.

„Не знаете што ми кажа, но тоа нема врска. Барам проштевање од сите, бидејќи згрешив“, напиша Даглас Коста на Инстаграм.

На истиот пост коментираше и поранешниот бек на Јуве, Патрис Евра со смешен пост.

„Дали знаеш дека симболот на Јувентус е зебра, а не лама? Се извини за твојот гест, но луѓето никогаш нема да дознаат што ти кажал“, напиша Евра.

Селски потег на Даглас Коста (видео)

Scroll to Top