За време на натпреварот од регионалната кошаркарска лига во Србија, меѓу кадетите на Металац и Раднички Ваљево, дошло до општа тепачка меѓу тренерите на двата тима. Потоа во тешачката се вклулиле и родителите, кои влегле на теренот и направиле хаос, пренесува „Вамедиа“.
На крајот на првата четвртина двајцата тренери најпрвин започнале вербална пресметка, откако еден од нив не бил задоволен од една судиската одлука.
Потоа дојде до расправија, двајцата беа исклучени, а вербалната расправија се претоври во физичка пресметка.
Потоа на теренот влегле родителите, некои се обиделе да ја прекинат тепачката, а други учествувале во неа.
Иако судиите сакале натпреварот да продолжи, од Раднички одбиле. Ситуацијата во салата била ставена под контрола дури по пристигнувањето на полицијата.
View this post on Instagram