Top Sport

Барса ќе добие големо обесштетување од ФИФА за повредата на Гави

Барселона вчера ја потврди тешката повреда на 19.годишниот Гави. Фудбалерот ги скина лигаментите во десното коло на квалификацискиот натпревар за ЕП меѓу Шпанија и Грузија.

Гави беше на дополнителни лекарски прегледи, а од клубот соопштија дека фудбалерот оваа недела ќе оди на операција и ќе го пропушти остатокот од сезоната и Европското првенство.

Иако Барселона не објави кога го очекува неговото враќање, овие повреди бараат опоравување од најмалку шест месеци, а често и подолго. Секој ден од неговото отсуство Барселона ќе го наплати од ФИФА.

Според своите правила, ФИФА на Барселона ќе и плаќа по 20.548 евра секој ден, доколку тоа отсуство е подолго од 28 дена. Отштетата на Барса ќе почне да и се исплаќа на 16 декември.

Доколку Гави паузира шест месеци, Барселона ќе добие 3.000.0000 евра, а доколку не е подготвен да игра осум месеци, ќе добие 4.315.000 евра.

Scroll to Top