Фудбалерите на Манчестер jунајтед го совладаа Евертон со 0:3 (0:1) на „Гудисон“ во натпреварот од 13. коло на Премиер лигата. Јунајтед ја забележа третата победа во низа без примен гол и покрај тоа што со играта екипата на Тен Хаг повторно не импреисонираше.
Пред самиот натпревар, навивачите на Евертон го обоија стадионот во розево со кореографија против Премиерлигата, која ја нарекоа „корумпирана“, поради одлуката да им се одземат 10 бода на „карамелите“ поради кршење на финансискиот фер-плеј.
Јунајтед по три минути игра поведе со еден од најубавите голови во историјата на Премиер лигата. Од многу тешка позиција, под лош агол, Алехандро Гарначо постигна гол со ножички. Гол во стилот на неговите славни претходници Вен Руни и Кристијано Роналдо. Интересно е што Аргентинецот го прослави голот копирајќи го својот идол Кристијано Роналдо.
Евертон беше доста солиден ривал, но Јунајтед мирно го приведе натпреварот до крај благодарение на головите на Рашфорд од пенал, а потоа и на Антони Марсијал кој го постигна својот прв премиерлигашки гол оваа сезона.
Јунајтед се искачи на шестата позиција, со само шест бода помалку од лидерот Арсенал, додека Евертон останува претпоследен со четири бода.