Top Sport

Гризман нема намера да го напушти Атлетико

Францускиот фудбалер и ѕвезда на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман нема намера да го напушти својот клуб. Атлетико, синоќа, со голот на Гризман ја победија Мајорка, а по натпреварот францускиот репрезентативец ги деманираше пишувањата на англиските медиуми дека ќе се пресели во Манчестер јунајтед.

„Сакам да направам се за да станам легенда на Атлетико Мадрид. Тоа е мојата мисија. Се надевам дека во 2024 година ќе ги израдувам навивачите со некој трофеј во дресот на Атлетико, бидејќи тоа би било остварување на сонот”, изјави Гризман.

Да потсетиме, Гризман се пресели во Барселона во летото 2019 година за 120 милиони евра, но се врати две години подоцна. Прво на позајмица, а потоа Атлетико го купи за само 25 милиони евра.

Гризман, сезонава има постигнато девет гола на 13 натпревари во Примера. Голот против Мајорка беше 300. во кариерата и 170. во дресот на Атлетико. На вечната листа пред него е само легендарниот Луис Арагонес со 173 гола.

Scroll to Top