Кошаркарите на Денвер Нагетс во Лос Анџелес ги победија Клиперси со 113:104, во најпрвивлечниот натпревар, одигран изминатата ноќ во НБА лигата. Големо внимание привлече и катастрофалниот пораз на Лејкерси, на домашен терен од Филаделфија. Севентисиксерси победија со 44 поени разлика.
Победата Денвер ја извојува без тројцата најдобри играчи: Никола Јокиќ, Џамал Мареј и Арон Гордон.
Нагетс победата ја извојуваа со серијата 18:4 во последната четвртина. Во победата се истакнаа поранешниот играч на Клиперси, Реџи Џексон и ветеранот Деандре Џордан.
Џексон го одигра најдобриот натпреварт откако во февруари од Клиперси пристигна во Денвер. Забележа 35 поени и 13 асистенции, додека Џордан имаше 21 поен и 13 скока.
Кај Клиперси, Кавии Ленард беше нанајдобар со 31 поен со осум скока, а го следеше Ивица Зубац кој постигна 23 поени и имаше 14 скока.
Расел Вестбрук имаше учинок од 14 поени и 11 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне деветтиот пораз сезонава.
Филалделфија ги декласира Лејкерси со 138:94. Ова е најтешкиот пораз во кариерата на Леброн Џејмс.
Џоел Ембид со шесттиот трипл-дабл во кариерата (30 поени, 11 скока и 11 асистенции). Најефикасен кај Сиксерси беше Тајрис Мекси со 31 поен и осум асистенции. Кај Лејкерси Леброн постигна 18, а Ентони Дејвис 17 поени и 11 скока. Леброн прв пат од ноември 2010 година одигра натпревар во кој немаше ниту еден скок.