Top Sport

Немања Видиќ: Дали и јас треба да одам во затвор за да добијам некоја финкција во српскиот фудбал

Познатиот српски фудбалер Немања Видиќ, кој на почетокот на годината поднесе кандидатура за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) и набрзо се откажа од кандидатурата, јавно праша дали прво треба да оди во затвор за потоа да може да обавува некоја функција во српскиот фудбал.

„А како тоа Драган Џајиќ, кој беше во затвор и призна дека се занимавал со малверзации, и Звездан Терзиќ, кој не ја докажал својата невиност, а постапката против него е застарена, ги водат двете најголеми организации во српскиот фудбал, ФСС и Црвена звезда. Тоа е прашање што сите треба да го поставиме“, вели Видиќ во интервју за НИН.

Тој изјави дека тоа е „порака за сите луѓе во Србија да не гледаат на работа, дека не е важно дали си работел добро или лошо, важно е да си политички подобен“.

Како што рече, „Џајиќ четири години не успеал да ја докаже својата невиност, а потоа пред 11 години добил аболиција од тогашниот претседател на Србија, Томислав Николиќ. Според Видиќ со тоа што Џајиќ бил аболиран „признал дека крадел од Црвена звезда, односно дека учествувал во малверзации“.

Видиќ рече дека Терзиќ е „горд на тоа што бил во затвор, вели дека таму запознал многу квалитетни луѓе“.

„Немам проблем Терзиќ така да ги воспитува своите деца. Но, тој ги испраќа тие пораки до моите деца, до нашите деца. Дека е во ред да се оди во затвор, дека тоа е начин да се засилиш и да постигнеш успех“, изјави Видиќ.

Тој истакна дека Терзиќ има „исклучително добар статус во општеството, вози добар автомобил, има скап часовник, патува, се движи во „високо“ општество“.

„А како секој млад човек ќе го слуша својот татко и ќе оди на работа од 9 до 17 часот. Се повеќе деца сакаат да бидат Звездан Терзиќ. Дали сакаме тоа да го оставиме на нашето општество“, изјави Видиќ.

Scroll to Top