Top Sport

Реал во јануари ќе го има последниот обид да го договори Мбапе

Реал Мадрид во јануари ќе го направи последниот обид за да го обезбеди потписот на Килијан Мбапе. Реал пред напаѓачот ќе излезе со конкретна понуда, доколу ја одбие тоа ќе биде последниот обид на „кралскиот клуб“ да го донесе Мбапе во Мадрид.

„Релево“, пишува „или ќе потпише преддоговор или сагата за неговото доаѓање ќе заврши засекогаш“.

“Реал го бара и сака да го обезбеди неговиот потпис на крајот од сезоната. Клубот го чека јануари за да започне преговори. Ја научија лекцијата, нема да чекаат до последен момент и ако навистина сака да дојде, ќе мора веднаш да го стави својот потпис на договорот. Доколку следното лето не дојде во Реал, клубот засекогаш ќе му ја затвори вратата“, наведува овој извор.

Мбапе во последните две лета беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид. Сепак, трансферот досега не е реализиран, бидејќи напаѓачот реши да го продолжи договорот со ПСЖ.

Scroll to Top