Top Sport

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го освои Некст џен турнирот во Џеда

Српскиот тенисер Хамад Меѓедовиќ е победник на финалето на Некст џен во Џеда.

Меѓедовиќ во финалето го победи Артур Фис со 3:4 (6), 4:1, 4:2, 3:4 (9), 4:1, а дуелот траеше два часа и 14 минути. Заедно со пехарот во Саудиска Арабија, Меѓедовиќ освои и 514.000 долари.

Завршниот турнир на најдобрите млади тенисери во светот, популарно наречен Некст џен се игра по посебни правила, на три освоени сета, со тоа што за да се освои сет се потребни четири гемови. Доколку резултатот е 3:3 се игра тај-брејк.

Меѓедовиќ моментално се наоѓа на 110. позиција на АТП листата, а најдобар пласман досега го има во 2023 година, 102. место. Неговиот противник Фис е 36. на АТП листата.

Некст џен турнирот се одржува од 2017 година, кога првото издание на ова натпреварување го освои Кореецот Хјеон Чунг. Потоа пехарот го кренаа Стефанос Циципас, Јаник Синер и Карлос Алкараз, а лани победник беше Брендон Накашима.

Ова беше прва сезона во која турнирот се одржа во Џеда, каде што ќе се одржува до 2027 година. Претходно турнирот се играше во салата „Палалидо“ во Милано.

Scroll to Top