Немања Дангубиќ (25), доскорешниот кошаркар на Црвена ѕвезда, кариерата ќе ја продолжи во редовите на германскиот шампион Баерн Минхен.
Поранешниот репрезентативец на Србија, во Минхен, повторно ќе соработува со тренерот Дејан Радоњиќ.
Поранешниот играч на Вршац и Мега, минатата сезона во Евролигата имал просек од 6,7 поени и 3,4 скока по натпревар. Поради повреда, претходната сезона, Дангубиќ ја заврши ви февруари.
Со доаѓањето на Дангубиќ Баерн ја зголеми српската колонија, од претходно играчи на германскиот првак се Стефан Јовиќ, Милан Мачван и Владимир Лучиќ.
Инаку, Дангубиќ е драфтуван и во НБА лигата. Во 2014 година тој е избран од страна на Сан Антонио Спарс.