Роџер Федерер, според многумина најдобриот тенисер на сите времиња, смета дека Новак Ѓоковиќ може уште повеќе да ја унапреди својата игра. Швајцарецот, дополнил, дека српскиот тенисер се уште не е на нивото од пред неколку сезони, кога бил непобедлив.
Федерер и Ѓоковиќ, се наоѓаат во Чикаго, каде од 21. до 23.септември ќе настапат на второто издание на „Лејвер купот“. Швајцарецот и Србинот се во тимот Европа.
Последниот меѓусебен меч овие двајца го имаа пред еден месец, кога Ѓоковиќ победи 6:4, 6:4 на мастерсот во Синсинати.
„Од Новак можеме да очекуваме уште многу работи. Во овој момент не го игра својот најдобар тенис. Мислам дека му уште малку му недостига за да го достигне нивото од пред неколку години кога играше најдобар тенис и кога буквално беше непобедлив“, рекол, Федерер.
Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ досега имаат одиграно 46 меча, а Србинот има две победи повеќе (22:24).