Златан Ибрахимовиќ, одговарајќи на новинарско прашање, рекол дека Лионел Меси треба да го смени клубот и да се пресели преку Атлантикот, во американската МЛС лига.
Напаѓачот на ЛА Галакси, без размислување одговорил „апсолутно“, кога бил запрашан дали Меси треба да да дојде во САД, а на прашањето каде најдобро би се вклопил Аргентинецот, тој рекол „секаде“.
Американските медиуми објавија дека новата франшиза, Интер Мајами, каде еден од сопствениците е славниот Дејвид Бекам, има желба да го донесе Меси.
Аргентинецот сигурно нема намера барем уште неколку сезони да замине од Европа, но во Мајами биле сигурни дека кај нив би можел да ја заврши кариерата.