Top Sport

Осимен има порака за менаџерот на Кварацхелија: Ти со парче ѓубре

Наполи минатата сезона ја освои шампионската титула, од која се прости на половина од новата, поради лошите игри и резултати. Од стартот на сезоната Наполи веќе смени еден тренер, а како што сега стојат работите и актуелниот ќе добие отказ.

Она што се случува во Наполи, по освојувањето на титулата е за длабока анализа. Сепак прв впечаток е дека работите во соблекувалната не функционираат онака како што функционираа додека во клубот беше Лучано Спалети.

Од соблекувалната на Наполи постојано излегуваат приказни за конфликти на играчи. Последниот случај е сензационален и се однесува на две најголеми ѕвезди.

Во изјава за „Спорт1 Грузија“, Мамука Југели, менаџерот на Хвича Кварацхелија, рече: „Ова го кажувам сега, Осимхен ќе замине во Саудиска Арабија на лето. Хвича не би прифатил ни милијарда евра за да игра таму, тој сака да игра во Реал Мадрид, Баерн Минхен, Барселона или Манчестер сити. Квича има поинакви цели“.

Грузиецот кој беше прогласен за играч на сезоната во Серија А има скромна плата. Годишно заработува нешто повеќе од еден милион евра.

Од друга страна, Осимен неодамна го продолжи договорот и со плата од 10 милиони евра, стана најплатениот играч во Серија А.

Се шпекулира дека тоа е најголемата причина за конфликтот внатре во клубот.

Осимен, познат по тоа што кажува се што треба и што не треба, експресно му одговори на менаџерот на Кварацхелија.

„Драг Мамука Југели, ти си парче ѓубре и срам. Непријатно ми е од твоето чувство за расудување. Идиоту! Не ми го спомнувај името!!!”

Scroll to Top