Двократниот МВП на финалната серија во НБА лигата, Кави Ленард го продолжи договорот со Лос Анџелес Клиперс до крајот на сезоната 2026/2027. Новиот договор на Ленард е „тежок“ 152.400.000 долари, што е за 8.500.000 долари помалку од максималниот износ за плата што можеше да го добие Ленард.
Леонард (32) досега беше едно од најголемите имиња на листата на слободни играчи во 2024 година, но сега е јасно дека тој останува играч на Клиперси.
Искусниот шутер сезонава има просек од 23,8 поени, 6,1 скока и 3,4 асистенции по натпревар.
Клиперси преговараат и со својата друга ѕвезда, Пол Џорџ, кој ја има истата опција како Леонард и може да стане слободен агент на крајот од сезоната 2024/2025. Целта на клубот е двајцата да останат, со што ќе се обезбеди дополнителна стабилност на клупскиот проект.