Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија во Филаделфија со 126:121, во долгоочекуваниот дуел меѓу Никола Јокиќ и Џоел Ембид.
Јокиќ и Ембиид, односно Фила и Нагетс одиграа одличен натпревар, а на крајот победата им припадна на домаќините кои во последната четвртина имаа повеќе расположени кошаркари.
Денвер одигра одлично 36 минути, што не е доволно за да слави против тим како Филаделфија.
Ембид беше одличен, натпреварот го заврши со 41 поен, седум скока и 10 асистенции, додека Јокиќ имаше учинок од 25 поени, 20 скока и три асистенции.
Денвер ја контролираше играта, но во последната четвртина Мареј имаше неколку лоши одлуки во критичните моменти, по што следуваа уште неколку грешки на играчите на Нагетс и Фила, носени од Ембид, заслужено победија.
Во победничкиот тим Мекси постигна 25 поени, Харис 24, а Убре 11, додека кај Нагетс Портер постигна 20, Мареј 17 со 10 асистенции, а Гордон 16 поени.