Тимот на Дукати го претстави мотоциклот што ќе го вози бранителот на титулата Франческо Бања во новата сезона во Мото ГП.
Италијанскиот тим имаше презентација во Мадона ди Кампиљо, како дел од настанот „Campioni in pista“.
Десмоседичи за 2024 година е еволуција на минатогодишниот мотор на кој Бањаја ја освои својата втора титула во кралската класа, третата во неговата кариера и трета во историјата на Дукати.
Пеко го освои трофејот победувајќи го Хорхе Мартин од Прамак Дукати со 39 поени разлика. На патот до титулата, Бањаја забележа седум победи во главните трки, вклучувајќи четири во спринтот.
За разлика од Бањаја, неговиот колега Енеа Бастианини имаше кошмарна сезона, пропушти девет трки поради повреди, но ја спаси годината со брилијантен триумф во Малезија.