Top Sport

Ракитиќ ја напушти Севилја

Иван Ракитиќ (35) ја напушта Севиља и се сели во Саудиска Арабија, пренесува шпански Релево.

Тешката финансиска ситуација во која се наоѓа Севилја, го натера клубот да се збогува со легендарниот фудбалер. Покрај тоа Ракитиќј го загуби статус во тимот по доаѓањето на тренерот Кике Санчез Флорес. Хрватот кариерата ќе ја продолжи во Ал Шабаб.

35-годишниот хрватски играч од средниот ред веќе се прости со дел од вработените во клубот.

Во Ал Шабаб ќе го пречекаат поранешниот соиграч од Севилја, Евер Банега и поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Јаник Караско.

Ракитиќ се врати во Севилја во 2020 година, откако помина шест сезони во Барселона. Ова беше негова осма сезона во Андалузија.

Како играч на Севилја, во која прв пат пристигна во 2010 година од Шалке, двапати ја освои Лига Европа, во 2014 и 2023 година.

Scroll to Top