Top Sport

(Видео) Мајката на Недовиќ тргна да се пресмета со Ледеј

Два ипол часа, синоќа раеше дербито во АБА лигата помеѓу Црвена звезда и Партизан. Дербиот го обележаа неколку неспортски потези, лошото судење и драмата во финишот, откако Партизан во последната четвртина се врати по негативата од 16 поени. На крајот Јаго дос Сантос на три секунди до крајот и ја донесе победата на Црвена звезда (88:86).

Дека ќе биде жестоко о дербито, го најави првата четвртина кога Зак Ледеј го удри Немања Недовиќ, на што според снимките на социјалните мрежи бурно реагираше мајката на кошаркарот на Црвена звезда.

Откако играчот на Партизан го удри Недовиќ, а на теренот Милош Теодосиќ тргна да го брани соиграчот и доби техничка грешка, мајката на Недовиќ, упати серија пцости и кон Ледеј и се обиде да влезе на теренот, па мораа да ја смируваат сопругата на Недовиќ и обезбедувањето

Инаку, Зек Ледеј поради вториот неспортски фаул на две минути до крајот беше исклучен.

Scroll to Top