Top Sport

Тренерот кој ѝ го нанесе еден од најтешките порази ќе ја преземе Барселона

Во саботата, некаде околу 21 часот, Чави Ернандез објави дека ќе биде тренер на Барселона до крајот на сезоната, а потоа ќе го напушти клубот. Од тој момент медиумите започнаа со шпекулациите кој ќе биде новиот тренер на Барселона.

Чави заминува, а кој ќе биде неговиот наследник се уште не е познато. Сигурно е само дека имињата на кои типуваат навивачите, Пеп Гвардиола и Луис Енрике, нема да бидат во комбинација. ДДвајцата имаат цврсти договори со Манчестер сити, односно ПСЖ, но и Барселона поради лошата финансиска ситуација во овој момент нема пари за евентуален ангажман на еден од нив двајца.

Новинарот на германски „Билд“, Кристијан Фалк, тврди дека нов тренер на Барселона ќе биде поранешниот тренер на Баерн, Ханси Флик. 58-годишникот бил најголем фаворит кај претседателот на Барселона, Џоан Лапорта. Флик е без работа откако доби отказ на селекторската функција во репрезентацијата на Германија.

Флик е и тренерот кој и го нанесе најтешкиот пораз на Барселона во модерната ера. Во летото 2020 година, Баерн ја победи Барселона со 8:2 во четврт-финалето на Лигата на шампионите и потоа го освои турнирот, кој поради пандемијата на коронавирусот се играше во Лисабон. Тоа беше првпат некој да даде осум гола против Барселона од 1946 година кога беше поразена од Севиља со 8:0.

Scroll to Top