Арсенал му го нанесе вториот пораз на Ливерпул во Премиер лигата. Во дербито одиграно во 23.коло, Арсенал славеше победа 3:1 (1:1). Со овој триумф Арсенал ја намали предноста на Ливерпул на два бода.
Ливерпул втор пат сезонава гостуваше во северен Лондон и го доживеа вториот пораз. Арсенал беше подобар противник, но победата на „тобџиите“, со две аматерски грешки им ја подари голманот Алисон Бекер.
Подобрата игра од стартот на натпреварот Арсенал ја круниса со гол во 14.минута. Хаверц излезе сам пред Алисон, Базилецот го одбрани неговиот удар, но топката се одби до Сака кој ја спроведе во мрежата.
Ливерпул во првиот дел не покажа ништо, но на полувреме замина со 1:1. Во 48.минута незмасна реакција на Салба и голманот Раја, Дијаз играше со топката, а Габриел си постигна авто-гол.
А вториот дел му припадна на Алисон Бекер, па и на капитенот на Ливерпул Ван Дајк. Во 67.минута двајцата аматерски реагираа, дозволија една долга топка да мине меѓу нив двајца, а Мартинели немаше проблем да ја смести во голот.
Во 88.минута Конате го доби вториот жолт картон. Три минути подоцна, Тросар постигна гол низ нозете на лошо поставениот Алисон.
Ливерпул е лидер со 51 бод, Арсенал има два помалку, трет е Манчестер сити со 46 бода и два натпревари помалку.