Лајпциг го победи Унион Берлин со 2:0, во последниот натпревар од 20.коло во Бундес лигата.
Ова беше рутински триумф за Лајпциг, против најголемото изненадување на минатогодишното првенство.
Домашните поведоа во 11. минута кога Опенда одлично се снајде во шеснаесетникот на гостите од Берлин. До крајот на полувремето Шволов ја имаше најдобрата шанса да го удвои водството.
Се беше решено во 52. минута, кога по центаршутот на Раум, прецизен беше словенечкиот репрезентативец Шешко. Истиот играч погоди шест минути подоцна, но голот беше поништен по интервенција на ВАР.
Унион натпреварот го заврши со 10 играчи бидејќи Тримел доби црвен картон во 73. минута.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, слично како и во минатоот коло шанса доби во 77.минута.
Лајпциг моментално е петти на табелата и го чека голема борба за Лигата на шампионите, додека Унион Берлин е на 15. место со 17 бодови, два повеќе од зоната за испаѓање.