Реал Мадрид не планира да го откупи договорот на шпанскиот голман Кепа Аризабалага од Челзи на крајот од сезоната.
Аризабалага пристигна во Реал во август 2023 година на позајмица до јуни 2024 година со опција да го откупи договорот на крајот од сезоната.
Шпанскиот голман е член на Челзи од 2018 година, а во Реал пристигна како засилување, откако се повреди првиот голман Тибо Куртоа.
Кепа на последните неколку натпревари е резерва кај Карло Анчелоти, кој поголема доверба има во Украинецот Андреј Лунин. Оваа сезона Кепа бранеше за Реал на 18 натпревари во сите натпреварувања.
Раководството на „кралскиот клуб“ веќе го известило Шпанецот и неговите менаџери дека не планираат да го откупат неговиот договор.
Договорот на Аризабалага со Челзи истекува на 30 јуни 2025 година.