Top Sport

Големото дерби во Битола заврши со триумф на Еурофарм Пелистер

Фото: facebook.com/hceurofarmpelister

Големото дерби во Битола меѓу актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 го отвори плеј-офот во домашниот шампионат. Победата им припадна на ракометарите на Еурофарм Пелистер со 27:21.

Вардар 1961 ја контролираше играта во првото полувреме, кое заврши со резултат 10:10. На стартот од вториот дел пелистерци со серија 3:1, дојдеоа до предност од два гола (14:12), а во периодот од 42. до 49.минута го зададоа клучниот удар кога стекнаа предност од пет гола (19:14).

Од оваа негатива црвено-црните не успеаја да се вратат. На крајот триумф на актуелниот шампион 27:21.

Еурофарм Пелистер о предводеа македонскиот репрезентативец Кузмановски со осум и Словенецот Тајник со седум гола. Најефикасен играч на Вардар 1961, со пет гола беше Николиќ.

Scroll to Top