Комичен авто-гол си постигнаа фудбалерите на Депортес Темуко, во дуелот против Хуачипата во чилеанското првенство. Гостите славеа со 4:0, а колку домашните фудбалери беа индиспонирани сведочи и моментот од 48.минута, кога Рикер го совлада својот голман.
Луис Гамонал му ја додаде топката на Рикер, а овој од некој причина реши да му ја врати. Голманот беше во расчекор, не го очекуваше додавањето и топката заврши во мрежата.
До крајот на мечот домашниот тим прими уште два гола.