Top Sport

Сосиедад со деветмина победи во Уеска (Видео)

Фудбалерите на Реал Сосиедад победија во Уеска со 1:0, во првиот натпревар од петтото коло во Примера.

Натпреварот кој беше исклучително „тврд“ и нервозен го реши Микел Меридо со голот во 64.минута.

Сосиедад потоа успеа да ја одбрани победата, бидејќи натпреварот го заврши со девет фудбалери. Црвени картони добија Хуанми и асистентот за голот Тео Ернандез.

Реал Сосиедад ја забележа втората победа во првенстото, додека Уеска под добриот старт и освоените четири бода во првите две кола, го забележа третиот пораз.

Scroll to Top