Во Нион беше извршена ждрепката за осминафиналето во Конференциската лига.
Според правилата, победниците на групите беа привилегирани и реваншите ќе ги играат на домашен терен.
Динамо од Загреб по непријатните искуства минатата сезона во Атина, го очекува нов судир со грчки клуб, овојпат противник им е тимот на ПАОК.
Исто така, многу интересна ќе биде и пресметката на поранешните европски шампиони Ајакс и Астон Вила.
Осминафинални двојки:
Сервет – Викторија Пилзен
Ајакс – Астон Вила
Молде – Клуб Бриж
Унион Сент Жилоа – Фенербахче
Динамо) – ПАОК
Штурм – Лил
Макаби Хаифа – Фиорентина
Олимпијакос – Макаби Тел Авив
Сите натпревари се закажани за 7 и 14 март. Финалето ќе се игра на 7 јуни во Атина.