Фудбалерите на Тотенхем победија во Брајтон 2:1, во последниот натпревар од саботната програма во Премиер лигата. Со оваа победа играчите на Тотенхем ја прекинаа серијата од три порази (два во првенството и еден во Лигата на шампионите) и стигнаа до 12. бод во сезоната.
Тотенхем доминираше од почетокот на мечот, во првиот дел имаа 79 отсто од поседот на топката, но гол постигнаа од пенал. Хари Кејн ја реализираше најстрогата казна во 42.минута.
Брајтон се обиде да се врати во мечот, во еден момент домашните играчи силно го притиснаа противникот. Во овој период најдобрата шанса ја пропушти Нокерт. Само неколку минути подоцна Ламела го зголеми предноста на Тотенхем.
До крајот на мечот домашниот тим преку Нокерт успеа само да го намали резултатот.
Тотенхем во наредната рунда ќе гостува кај Хадерсфилд, додека Брајтон ќе патува на „Етихад“ кај Манчестер сити.