Вардар како гостин го доби градското дерби против Работнички со 2:0. Овој натпревар ја отвори шестата рунда во домашниот фудбалски шампионат.
Вардар до победата дојде со головите на Ерменецот Барсегјан во 29.минута и Брдаровски во 63.минута од натпреварот. Стрецот на голот Барсегјан на најдобар начин го прослави својот 25.роденден.
Црвено-црните го забележаа четвртиот триумф во сезоната и со 14 бода, барем до утре ќе бидат на челната позиција на табелата. Работнички со третиот пораз стана на девет бода.
Шестото коло утре ќе го комплетираат натпреварите: Силекс-Шкендија, Победа, Академија Пандев, Шкупи-Македонија ЃП и Ренова-Беласица.
фото: fkvardar.mk