Миле Свилар може да брани само за репрезентацијата на Србија. Селектор на Белгија, Доменико Тедеско објави дека не смета на голманот на Рома.
„Го следевме Свилар во последните месеци и сакавме тој да биде наш член. Има проблем, од правна страна, Свилар повеќе не може да ја менува федерацијата“, објасни Тедеско.
Да потсетиме, пред објавувањето на списокот за пријателските натпревари со Русија и Кипар, младиот голман неофицијално и преку посредник му порачал на селекторот Драган Стојковиќ дека повеќе не сака да брани за Србија.
Останува да видиме како ќе реагираат селекторите и спортскиот сектор во рамките на ФСС на последните случувања во ситуацијата.
Правилото на ФИФА вели дека откако ќе наполнат 21 година фудбалерите на можат да го сменат спортското државјанство. .
Да потсетиме, Свилар многу порано го прифати повикот на селекторот Драган Стојковиќ да брани за Србија. Иако редовен на собирите, младиот голман забележа само еден натпревар во есента 2021 година и тоа против Катар. Незадоволен од својот статус и зголемената конкуренција, Свилар реши по три години повторно да го смени репрезентативниот дрес.
Свилар сакаше повторно да брани за Белгија. Тој е роден во Антверпен и бранеше за младинските селекции на Белгија.