Top Sport

Пикси ќе ја предводи Србија и по ЕУРО 2024

Селекторот на Србија Драган Стојковиќ ќе потпише нов договор со Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС).

Пикси ќе остане на позицијата шеф на стручниот штаб на сениорската репрезентација најмалку до 2026 година, пренесуваат српските медиуми.

Договорот ќе трае до крајот на квалификациите за СП 2026 година.

Според информациите, Пикси ќе потпише нов договор најдоцна до пријателскиот натпревар против Русија на 21 март во Москва. Четири дена подоцна Србија селекција ќе игра на гости кај Кипар.

Да потсетиме, Србија на ЕУРО 2024 е во група со Англија, Данска и Словенија.

Пикси е селектор на Србија од март 2021. Тој ја однесе репрезентација на Светското првенство во Катар, а исто така под негово водство Србија влезе во А дивизијата на Лигата на нации.

Scroll to Top