Барселона убедливо победи во Мадрид, во дербито во Примера. Со головите на Жоао Феликс, Левандовски и Фермин, Барселона победи со 3:0. Барселона е втоата на табелата, Атлетико е на петтото место.
Барселона максимално го искористи моментумот на Атлетико и запиша неочекувано лесна победа. „Јорганџиите“физички беа испрасзнети по големата победа над Интер во средата.
Чоло Симеоне комбинираше со составот, Гризман и Депај останаа на клупата и со таков тим домаќинот стоеше добро на теренот во првите 30 минути. Бариос во 10.минута од чиста позиција шиутираше крај голот.
Во 37.минута, Гундоган одигра за Левандовски, ова ја врати топката пред голот каде осамен беше Феликс. Играчот на Атлетико на позајмица во Барселона го постигна рпвиот гол на натпреварот.
Само што започна вториот дел, Де Пол загуби топка во опасната зона, Араухо одигра за Левендовски, а Полјакот го постигна 13. гол во сезоната.
Точка на мечот стави Фермин во 65.минута.
До крајот Атлеико имаше три шанси но Тер Штеген остана несовладан.
Инаку, тренерот на Барселона Чави, поради бурни протести беше исклучен во 41.минута, а Атлетико во 93.минута остана со играч помалку, откако Молина беше исклучен.