Никола Калиниќ дефинитивно ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната, пренесуваат шпанските медиуми.
Договорот на крилниот кошаркар истекува на 30 јуни, а челниците на Барса не презеле никакви чекори да го задржат.
Шпанците истакнаа дека 32-годишниот Калиниќ е на мета на многу евролигашки клубови, пред се Црвена звезда.
Во текот на оваа сезона, Калиниќ е еден од најистакнатите играчи на Барселона. Годинава во АЦБ лигата имаше просек од 6,4 поени, 3,4 скока и две асистенции, а во Евролигата има просек од 8,4 поени, 3,9 скока и 2,8 асистенции.