Ландо Норис од Мекларен и Шарл Леклер од Ферари беа најбрзи на денешните тренинзи во Мелбурн, пред трката за Големата награда на Австралија во Формула 1.
Норис беше најбрз на првиот тренинг со резултат 1:18.564.
Втор беше актуелниот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул, со заостанување од 0,018 секунди, во текот на тренингот го оштети подот на својот болид. Третото место го зазеде Џорџ Расел од Мерцедес со заостанување од 0,033 секунди.
Возачот на Ферари, Шарл Леклер беше четврти, возачот на Ред Бул, Серхио Перез шести, Карлос Саинц од Ферари, кој се врати во натпреварувањето по операцијата на слепо црево, беше осми, а Луис Хамилтон од Мерцедес беше деветти.
Возачот на Вилијамс, Алекс Албон, удри во заштитниот ѕид во свиокот осум и го оштети болидот и не учествуваше на вториот тренинг, а доколку тимот не ја поправи шасијата на трката во Австралија, ќе вози само Логан Сарџент.
The moment Alex Albon brought out the red flags 💥#F1 #AusGP pic.twitter.com/Osz5naXKQR
— Formula 1 (@F1) March 22, 2024
На вториот тренинг најбрз беше Леклер со 1:17.277 минути, втор беше Ферстапен со 0.381 секунди, а трет Саинц со 0.430 секунди.
Возачите на Астон Мартин Ленс Строл и Фернандо Алонсо ги освоија четвртото и петтото место, додека Џорџ Расел од Мерцедес беше шести.
Возачот на Ред Бул, Перез го освои осмото место, Норис беше деветти, а Хамилтон беше 18-ти.
Третиот тренинг се вози ноќта помеѓу петок и сабота, квалификациите се закажани за сабота од 6 часот по средноевропско време, а трката за Големата награда на Австралија е во недела од 5 часот.