Фудбалската репрезентација на Англија има сериозни кадровски проблеми пред пријателскиот натпревар против Бразил.
Ѕвездата на Арсенал, Букајо Сака веќе го напушти таборот на „Гордиот Албион“ поради повреда, а според англиските медиуми натпреварот против Бразил ќе го пропуштат капитенот Хари Кејн и Џордан Хендерсон.
Најдобриот стрелец на тимот Хари Кејн го повреди зглобот на последниот првенствен натпревар на Баерн против Дармштад. Се претпоставува дека Саутгејт нема да ризикува против „Селесао“.
Заедно со Кејн, тренингот не го одработи и Хендерсон.
Натпреварот со Бразил е првиот тест за Англија, која има големи амбиции на РУРО 2024. На континенталниот шампионат Англија е во група со Словенија, Данска и Србија.