Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо доби казна од 20 секунди, откако стјуардите на трката за Големата награда на Австралија, оценија дека тој е виновен за инцидентот во последниот круг кога Џорџ расел излета од патеката и го уништи свјот Мерцедес. Првично Алонсо го заврши на шестото место, но поради казната тој падна на осмата позиција.
Во финишот на трката Алонсо ја бранеше својата позиција од Расел. Инцидентот се случи во последниот круг.
Стјуардите забележаа дека Шпанецот двапати закочил на влезот во шестиот свиок, дека во меѓувреме додавал гас и на тој начин влијаел на траекторијата на Расел, што придонело Британецот да не може да го контролира својот Мерцедес.
За среќа, ниту еден од возачите од пониските позиции не беше доволно блиску за да дојде до судир пред да бидат истакнати жолтите знамиња, па беше избегнат поголем инцидент од оној што се случи и за кој беше обвинет Алонсо.
Британските медиуми пренесуваат дека Алонсо на сослушувањето им рекол на стјуардите дека имал намера поинаку да влезе во свиокот, но дека погрешил и затоа морал да преземе дополнителни чекори за повторно да забрза. Расел рекол дека смета дека маневарот на шпанскиот возач бил неправилен.
Мерцедес во Австралија не освои ниту еден бод, бидејќи седумкртаниот шампион, Луис Хамилтон, поради дефект на моторот ја заврши трката во 17. круг.
Big impact for George Russell 😮
Good to see the Mercedes man walk away unscathed from this crash 👍#F1 #AusGP pic.twitter.com/Jsq6RZ1UBS
— Formula 1 (@F1) March 24, 2024