Top Sport

Аталанта му го „загорчи“ животот на Милан (видео)

Милан двапати водеше, но на крајот мораше да се задоволи со само еден поен против Аталанта (2:2), откако прими гол во 92. минута во петтото коло во Серија А. Ова несреќно реми доаѓа неколку дена откако Милан се намачи со 1:0 да ги победи луксембуршките аутсајдери Дуделанж во меч од Лига Европа.

Гонзало Игуаин уште еднаш покажа зошто е вториот најплатен фудбалер во Италија (далеку зад Кристијано Роналдо), откако уште во втората минута по одличната аситенција на Сусо, реагираше фантастично и донесе водство за „росонерите“.

Аталанта, сепак, успеа да се врати во игра во 54. минута, преку Алехандро „Папу“ Гомез со еден брз контра-напад, пред Бонавентура само пет минути подоцна да ги врати Милан во водство по уште едно додавање на Сусо.

Кога сите мислеа дека поените остануваат на „Сан Сиро“, Емилијано Ригони ја искористи слабата реакција на одбраната на тимот на Џенаро Гатузо за да освои поен за Аталанта.

Фото: ЕПА

Scroll to Top