Top Sport

(Видео) Блиц-криг за пресврт и победа на Наполи во Монца

Наполи со спектакуларен пресврт забележа победа во Монца со 4:2. Наполитанците губеа по првиот дел, а во вториот за само шест минути постигнаа три гола со што го трасираа патот кон победата.

Монца дојде до предност со голот ан интернационалецот од Босна и Херцеговина Митар Ѓуриќ во деветтата минута.

Во вториот дел блиц-криг на Наполи, три гола во периодот од 55. до 61.минута. Изедначи Осимен, а потоа два прекрасни гола постигнаа Политано и Зјелински.

Само една минута подоцна домашните се вратија во мечот, стрелец беше Колпани. Сепак, се беше решено во 68. минута, кога Распадори ја погоди мрежата на ривалот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');