Лионел Меси четири пати ја освојуваше Лигата на шампионите во Европа, но на трофејот наменет за најдобриот тим во Северна и Централна Америка ќе мора да почека најмалку уште една година.
Интер Мајами и со Меси во тимот немаше никави шанси на гостувањето кај Мотереј. Реваншот, мексиканскиот тим го доби со 3:1 и со вкупен резултат 5:2 се пласираше во полуфиналето, каде за протвик ќе има уште еден тим од САД, Колумбус.
Играчите на Монтереј до предност дојдоа во 31.минута со голот на Васкез. Во вториот дел сите дилеми ги решија во периодот од 58. до 64. минута со головите на Бертраме и Гаљардо.
Алба доби црвен картон во 78. минута, а сè што направија госитите беше почесениот гол на Гомеш во 84. минута по додавањето на Лионел Меси.
Во второто четвртфинале Пачука го совлада Хередијано од Костарика со 2:1 и се пласираше во финалето со вкупен резултат 7:1. Таму, во мексиканското дерби ќе одмерат силите со Клуб Америка.