Top Sport

(Видео) Јокиќ ја растури најдобрата одбрана во лигата – Денвер ја победи Минесота

Денвер Нагетс направија голем чекор кон освојување на првото место во на Западот во НБА лигата. Нагетс во дербито ја совладаа Минесота Тимбервулвс со 116:107.

Вообичаено, Никола Јокиќ ги предводеше Нагетс до победата. Србинот погоди 16 од 20 шута за 41 поен против најдобрата одбрана во НБА. Во најголемиот дел од натпреварот него го чуваше најдобриот дефанзивец во лигата Руди Гобер.

Јокиќ имаше уште 11 скока и седум асистенции.

Џамал Мареј за 27 минути додаде 20 поени, а Мајкл Портер Јуниор 18. Голем придонес дадоа Кристијан Браун со осум поени и три спектакуларни забивања, односно Пејтон Вилсон со шест блокади.

Ентони Едвардс ја предводеше Минесота со 25 поени, но тој не беше фактор во четвртата четвртина кога Денвер ја направи разликата. Мајк Конли додаде 19 поени, Гобер имаше 13 поени и 15 скокови.

Нагетс сега имаат 56 победи и 24 порази на првото место на Западот, Минесота е втора со скор 55-25, исто колку и Оклахома која победи против Сан Антонио со 127:89.

До крајот на регуларниот, Денвер ќе ги гостува во Сан Антонио и Мемфис, Минесота ќе игра дома против Атланта и Феникс, додека Оклахома ќе ги пречека Милвоки и Далас.

Scroll to Top