Албанскиот репрезентативец од Лацио, Елсеид Хисај, среќно избегнал голема трагедија.
Имено, неговото 160.000 евра скапо Ферари се запалило додека возел. Вратите автоматски се заклучиле, но дефанзивецот на Лацио и неговиот свекор кој бил во автомобилот некако успеале да побегнат со автомобилот.
Тоа го потврди и самиот Хисај, кој даде изјава за „Ил Месаџеро“.
„Автомобилот наеднаш се запали. За среќа, нема повредени. Успеавме да се спасиме“, рекол Хисај.
Инцидентот се случил во понеделникот, но јавноста за него дозна во петокот.
Истиот извор објави дека Хисај тренираше нормално во четврток и дека ќе биде во конкуренција за мечот што небесносините го играат против Салернитана вечерва.
Сезонава одигра 23 натпревари, но последните три седеше на клупата.
За албанската репрезентација одигра вкупно 82 натпревари.