По шест години во ПСЖ; Нејмар го напушти Париз и се пресели во Ал Хилал во трансфер вреден 90 милиони евра. Неименуван извор зборувајќи за магазинот „Франс Фудбал“, откри дека бразилскиот напаѓач немал добри односи во клубот со многумина и дека немал мотивација да игра за клубот на секој натпревар.
И покрај импресивната статистика од 118 голови и 77 асистенции на 173 натпревари за ПСЖ, Нејмар пропушти многу натпревари поради повреди. Особено на клубот му замерил кога Килијан Мбапе стана заштитно лице на „светците“.
„На Мбапе на почетокот му беше симпатичен, но изгуби почит откако почна да поминува време со него секој ден. Нејмар, како и Лионел Меси, беа лути што Килијан стана симбол на клубот. Иако е интроверт, Меси го поздравуваше секој дден, Нејмар не го правеше тоа. Одбиваше секаков контакт. Иако го разбираше францускиот јазик, тој никогаш не се обиде да го зборува. Тој остави впечаток дека му е доста од се. Дека му е доста од фудбалот и дека му е доста од пари. Веќе не беше гладен. Беше мотивиран да игра за репрезентацијата, но не му се играше против Брест“.
Анонимниот извор открил и дека Нејмар бил насилен кон некои соиграчи. Ги открил инцидентите со Исмаел Гарби и Витиња.
„Го клоцаше Гарби додека лежеше. Сите беа во шок. На крајот од мандатот во ПСЖ не беше добра. Тој исто така го малтретираше Витиња. Негираше бидејќи е добро момче и дека никогаш не правел проблеми. Но тој го навредуваше Витиња во неколку наврати“, изјави извор на „Франс Фудбал“.