Менаџерот на Манчестер jунајтед, Ерик тен Хаг нервозно реагираше на прес-конференцијата по ремито со Борнмут (2:2) во натпреварот од 33. коло на Премиер лигата.
Од формирањето на Премиер лигата, Манчестер јунајтед мајлошиот пласман го имаше под водство на Дејвид Мојс во 2013/14 година, кога заврши на седмото место. Иако Шкотланѓанецот беше отпуштен пред крајот на кампањата. Тен Хаг беше прашан дали овој рекорд сега е под закана.
„Ако завршите под седмото место, тоа би било најлошиот финиш во историјата на Премиер лигата за Манчестер јунајтед, дали мислите дека ќе бидете над седмото место?“, праша новинарот.
Сепак, Холанѓанецот немаше намера да остане на прес конференцијата.
„Еве… нема… Нема да одговорам на тоа прашање“ – рече поранешниот тренер на Ајакс и си заминал.
Тен Хаг брзо ја напушти прес салата, не обрнувајќи внимание на останатите присутни.
По натпреварот крилниот напаѓач Алехандро Гарначо се огласи на Инстаграм за да го истакне своето незадоволство откако беше заменет на полувремето. На Аргентинецот му се допаднаа и објавите на Твитер, кои го критикуваа менаџерот.
Позицијата на Тен Хаг беше предмет на шпекулации по доаѓањето на новиот малцински сопственик Сер Џим Ретклиф, кој се уште јавно не кажал каква ќе биде судбината на трегенрот по завршувањето на сезоната.