Top Sport

Алкараз нема да ја брани титулата во Барселона

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го откажа настапот на турнирот во Барселона.

Момчето од Мурсија минатата недела не играше во Монте Карло, поради повреда на мускулот на десната рака.

На последниот тренинг пред заминувањето во Барселона, беше јасно дека состојбата на Алкараз не е добра.

Според информациите од Шпанија тој едвај можел да го удри топчето и долги разговори со својот лекарски тим реши да го откаже настапот.

Наместо Алкараз, еден од среќните губитници ќе биде во главниот ждреб во Барселона.

Алкараз требаше да биде слободен на стартот на ова натпреварување од серијата 500, за во второто коло да го чека подобриот од дуелот Лука ван Аш – Јижен Жанг.

Шпанецот моментално е трет на АТП листата, а следен турнир би требало да му биде Мастерсот во Мадрид.

Инаку, Алкараз претходните две години го освојуваше турнирот во Барселона. Бидејќи годинава нема да настапи ќе остане без 500 поени.

Scroll to Top