Top Sport

(Видео) Ливерпул заостанува во трката за титулата – Палас изненаден на „Енфилд“

Фудбалерите на Ливерпул се поразени од Кристал Палас на домашен терен со 1:0, во 33. коло од Премиер лигата.

Ливерпул е третопласиран со 71 бод, исто и Арсенал со натпревар помалку, а Сити е на прво место со два бода повеќе.

Кристал Палас успеа да ги издржи сите напади на „Енфилд“ и да забележи многу голема победа во борбата за опстанок. Се наоѓа на 14. позиција со 33 бодови.

Стрелец на победничкиот гол беше Ебреци Езе во 14. минута.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');