Атлетик Билбао објави дека Раул Гарсија ќе се пензионира на крајот од сезоната.
Фудбалерот од Навара ќе ја заврши својата долгогодишна кариера со 602 одиграни натпревари во Примера, во дресот на Осасуна (101), Атлетико Мадрид (216) и Атлетик Билбао (285), пишува „Марка“.
„Се има крај“, вели тој во прошталното видео, во кое дресовите на трите клуба ги става во плакарот.
Тој е еден од четворицата капитени на Атлетик Билбао и ќе ја носи капитенската лента до крајот од сезоната како признание од соиграчите.
Фудбалерот роден во Навара ќе наполни 38 години во јули и е многу омилен во соблекувалната, а тренерите и соиграчите ја фалат неговата посветеност и пожртвуваност.
Раул Гарсија, во професионалниот фудбал од неговото деби за Осасуна во 2004 година, зад себе остава успешна кариера. Купот (2024) со Атлетико ќе остане последна титула на кариерата.
Го освои и Суперкупот (2021) во Билбао, додека со Атлетико ја освои Ла Лига (2014), Купот (2013), Суперкупот (2014), Европа Лига (2010 и 2012) и Суперкупот на Европа (2010 и 2012).