Top Sport

Колина: Голот на Црвена ѕвезда е регуларен

Партизан и Црвена ѕвезда во неделата го одиграа 158.дерби, а опашките од „вечната“ пресметка ќе се влечат уште долго време. Причана за тоа е голот на Боачи во 73.минута со кој Црвенз ѕвезда израмни на 1:1.

Дилемата е дали топката по ударот на напаѓачот од Гана ја мина гол-линијата. Главниот судија покажа на центарот од игралиштето по сугестијата на својот помошник. Од Црвена ѕвезда се убедени дека голот е регуларен, додека голманот на Партизан, Владимир Стојковиќ, се колне дека успеал да ја извади топката и дека таа не ја минала гол-линијата со целиот обем.

Во „решавањето“ на проблемот се вклучил и легендарниот италијански судија, Пјерлуиџи Колина. Тој ситуацијата ја коментирал во радио емисијата „Топ гол“.

„На снимката јасно се гледа дека чуварот на мрежата е половина метар во голот кога ја вади топката. И јас да го судев овој натпревар ќе покажав на центарот“, рекол Колина.

Сепак и покрај мислењето на Колина вечно ќе остане дилемата дали е голот регуларен или не, од проста причина што не постои снимка која прецизно може да ја долови целата ситуација.

Scroll to Top