Утринава, на 71-годишна возраст почина еден од најдобрите фудбалери во историјата на Македонија, Благој Истатов.
Во кариерата настапувал за Беласица, Победа Прилеп, Партизан и Утрехт. Бил тренер на Беласица и уште неколку други македонски тимови, а во еден период бил тренер на голманите во репрезентацијата на Македонија.
Пред неколку години, во Дојран, ја основа фудбалската школа „Истатов“.
Погребот на Благој Истатов ќе се одржи утре во 13 часот, во Струмица.