Баерн испадна од Реал во полуфиналето, но прашање една ситуација долго ќе се прераскажува и ќе биде тема на расправи во фудбалските кругови. Во 13.минута од судиското надополнување на времето, Де Лихт постигна гол за 2:2, кој беше поништен бидејќи неколку секунди претходно се слушна свирчето на судијата Марчињак.
Суитуацијата во која беше Де Лихт е дискутабилна, гранична, но во моментот кога топката беше упатена помошникот на Марчињак го крена знаменцето, сигнализираше офсајд.
Залудни потоа беа протестите на фудбалерите на Баерн, Марчињак не можеше да се консултира со ВАР собата бидејќи играта беше прекината пред да биде постигнат голот.
„Не сакам да кажам дека Реал Мадрид секогаш ги има судиите на своја страна, но тоа ја направи разликата денес“, рече Де Лихт и додаде:
„Мислам дека сите ги знаеме правилата. Доколку ситуацијата не е јасна, не смеете да ја прекинувате акцијата! Тоа е правилото! Сметам дека тоа е малку срамно. И голот на Хоселу беше на работ на офсајд и им беше дозволено да ја продолжат акцијата, зошто тогаш не ни дозволија да ја продолжиме акцијата?“, гласно прашува холандскиот фудбалер.
„Тоа беше луда судиска одлука. Не знам што му помина низ главата“, изјави Томас Милер.
„За жал, ова се случува многу често во Мадрид. Тоа веќе ми се случи во 2017 година кога Кристијано Роналдо постигна два гола од офсајд, но тогаш немаше ВАР“, дополни легендарниот играч на Баерн.
Од Баерн тврдат дека помошникот на Марчињак, Томаш Лискиевиќ им се извинил по натпреварот за направената грешка.
„Тој свирна, што значи дека ВАР не можеше да интервенира бидејќи тоа се случи пред голот. Судијата рече дека е негова вина. Не паѓаме на такви глупости. Сите видовме германското финале. Сите освен полските судии. Тој ја призна грешката и се извини, но што да правиме со неговото извинување?”, рече спортискиот директор на Баерн, маркс Еберл.
„Што мислам за „Сантијаго Бернабеу“? Да речеме дека има голем ефект врз судиите“, изјави по натпреварот тренерот на Баерн Томас Тухел и додаде:
„На крајот дури и постигнавме гол за продолженија, но не уништи катастрофална одлука на линискиот и главниот судија. На крајот се чувствувам изневерен. По натпреварот помошниот судија ни кажа дека му е жал поради одлуката што ја донел, но тоа не ни помага многу во овој момент.“