Со победата од 5:0 над Бохум, Баер Леверкузен стигна до неверојатната бројка од 50 натпревари без пораз во сите конкуренции.
Баер е шампион на Германија, но до крајот на сезоната го очекуваат две финалиња, во Лига Европа со Аталанта на 22 мај и Купот на Германија со Кајзерслаутерн три дена подоцна.
„Сеуште не размислуваме за тројната круна, фокусирани сме само на она што следува. Ни претстојат уште три големи предизвици, три големи цели. Ако ја завршиме Бундеслигата без пораз, тоа би било големо достигнување, бидејќи тоа досега не се случило“, вели Алонсо и додава:
„После тоа следуваат тие две големи финалиња. Засега сè оди навистина добро, но… Уште две недели“.
Баер ќе ја затвори Бундес лигата со мечот против Аугсбург во Леверкузен.